Кевин Дурант е најплатениот играч во НБА

21.10.2025 09:36

Со вкупна заработка од 598,2 милиони долари, Дурант го надмина Леброн Џејмс, кој досега инкасирал 583,9 милиони.

Американската кошаркарска ѕвезда Кевин Дурант го продолжи договорот со Хјустон до 2028 година и со тоа стана најплатениот играч во историјата на НБА. Новиот договор на 37-годишниот Дурант изнесува 90 милиони долари.

Иако постоела можност за повисок договор до 122 милиони, тој прифатил 30 милиони помалку за да му овозможи на клубот поголема финансиска флексибилност и создавање конкурентен тим.

Со вкупна заработка од 598,2 милиони долари, Дурант го надмина Леброн Џејмс, кој досега инкасирал 583,9 милиони.

Во досегашната кариера Дурант одиграл 1.123 натпревари, шестпати бил дел од Ол-стар тимот, а настапувал за Сиетл, Оклахома Сити, Голден Стејт, Бруклин и Феникс. Неговиот просек во кариерата изнесува 27,2 поени по натпревар.