43 општини добија градоначалници во првиот круг, течат роковите за приговори
Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати. Во првиот круг од гласањето, коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ доби 33 градоначалници. СДСМ победи во 3 општини, ВРЕДИ во 4, а Национална алијанса за интеграција во 3. Во Скопје, во вториот круг одат Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. Прегласување ќе има во 4 општини, поради недоволен цензус на излезност …
43 општини добија градоначалник во првиот круг на локалните избори. Втор круг ќе има во 33. Најмногу градоначалнички места освои ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата-33. СДСМ победи во 3, ВРЕДИ во 4 локални самоуправи, а Националната алијанса за интеграција во 3. Државната изборна комисија ги објави првичните официјални резултати. Втор круг во Град Скопје. Во трка Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ и Амар Мециновиќ од Левица. ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу советнички места.
Поради неисполнетиот цензус на излезност од најмалку една третина од запишаните гласачи, прегласување ќе има во 4 општини. Иако во Гостивар кандидатот на Националната алијанса за интеграција освои над 60 насто од гласовите, излезноста беше околу 30 проценти.
Во неделата на гласање излегоа 46,63 проценти, односно 854.620 избирачи со право на глас. Досега ова е најмала излезност на локални избори од осамостојувањето.
Течат роковите за приговори за текот на гласањето и за резултатите. До среда вечер, партиите или кандидатите доколку имаат забелешки можат да ги достават до Државната изборна комисија, која пак во рок од 48 часа одлучува по приговорите.
Наташа Јанчиќ-Менковски
