Томас Вајц очекува уставни измени по локалните избори
Томас Вајц се надева дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот устав, заради откочување на евроинтеграциите...

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц се надева дека по локалните избори, земјава ќе ги направи потребните уставни измени за вклучување на бугарската заедница како малцинство во македонскиот устав, заради откочување на евроинтеграциите.
Во изјава за Европската новинска редакција, Вајц вели дека усвојувањето на уставните измени ќе го отвори патот за вистински почеток на преговорите. Македонија е сè уште блокирана од Бугарија.
За жал, има многу прашања поврзани со идентитетот што го блокираат нејзиниот напредок, вели Вајц во изјавата за Европската новинска редакција.
