Полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиари
Во петок, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во пијано придружба на Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен...

Во петок, со почеток во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија полурецитали ќе одржат виолинистот Леонардо Димоски (во пијано придружба на Виктор Рафајловски) и пијанистот Шкељзен Бафтиари. На програмата се дела од Прокофјев, Лист, Прошев и Шопен.
Леонардо Димоски добитник е на повеќе меѓународни награди во Париз, Рим, Торино, Пловдив, Благоевград и Белград. Одржува солистички концерти во Тетово, Скопје, Струга, Приштина, Тирана, Софија, Охрид. Настапувал на неколку фестивали како „Охридско Лето“, „Есенски Музички Свечености“, „Скопско Лето“, „Денови на македонска музика“, „ДАМ“, „Шопен Пијано Фест“, „Косова Камерфест“, „РеМузика“, „Сцена на албанската сериозна музика“. Соработувал со познати диригенти и инструменталисти како Симон Трпчески, Шкељзен Доли, Сихана Бадивуку, Марија Ѓошевска, Дерек Хан, Саша Николовски – Ѓумар, Борјан Цанев, Томас Херцог итн. Настапувал како солист со Лондон Сити Филхармоник, Македонска Филхармонија, Симфонискиот Оркестар на ФМУ, Косовка Филхармонија и Симфонискиот оркестар на Абанската РТВ. Покрај поголемиот број на снимки за радио и ТВ редовно учествувал на семинарите под раководство на проф. Борис Романов што се одржувале секоја година во Охрид.
