Меси натаму капитен
Лионел Меси и натаму ќе биде капитен на аргентинската репрезентација, соопшти новиот селектор Херардо Мартино. Поранешниот тренер на Меси во Барселона е убеден дека и фудбалерот сака да го задржи статусот којшто го има во националниот тим.

„Не разговарав со него на оваа тема, но решив тој да продолжи да ја носи лентата. Меси има ниво, а за другите е тешко да го достигнат“, популарниот „Тата“ ја образложи одлуката. На клупата на аргентинската селекција тој ќе дебитира в среда на пријателскиот натпревар со светскиот првак Германија во Диселдорф, во реприза на последното мундијалско финале.