Сослушани поранешни членови на УО на Клиниката за онкологија
Во Основниот кривичен суд Скопје, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, продолжи судењето за „Онкологија 2“ кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи...

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје, со сослушување на сведоци предложени од Обвинителството, кои биле членови на Управниот одбор на Клиниката за онкологија од 2018 до 2024 година, продолжи судењето за „Онкологија 2“ кој се води против поранешниот медицински и економски директор на Клиниката за радиотерапија и онкологија Скопје, Нино Васев и Нехад Нухи, за несовесно работење и финансиски криминал.
Обвинети се за злоупотреба на службена положба со штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.
Во овој предмет решаваат вештите лица, не сведоци-велат од одбраната. На Васев му е продолжен притворот.
