Диара во Квинс Парк
Поранешниот француски репрезентативец Ласана Диара е најново засилување на Квинс Парк Ренџерс. 29-годишниот дефанзивен фудбалер од средниот ред ги мина лекарските тестови и потпиша договор со англискиот тим со важност до крајот на сезоната. Вторпат во кариеарта Диара ќе игра под водство на менаџерот Хари Реднап со кого соработуваше и во Портсмут во натпреварувачката 2008/09. Квинс Парк Ренџерс ќе биде вкупно осми клуб за Диара, а трет на Островот. Тој претходно настапуваше во Ле Авр, Челзи, Арсенал, Портсмут, Реал Мадрид, во Анжи и во Локомотив Москва.

Поранешниот француски репрезентативец Ласана Диара е најново засилување на Квинс Парк Ренџерс. 29-годишниот дефанзивен фудбалер од средниот ред ги мина лекарските тестови и потпиша договор со англискиот тим со важност до крајот на сезоната. Вторпат во кариеарта Диара ќе игра под водство на менаџерот Хари Реднап со кого соработуваше и во Портсмут во натпреварувачката 2008/09. Квинс Парк Ренџерс ќе биде вкупно осми клуб за Диара, а трет на Островот. Тој претходно настапуваше во Ле Авр, Челзи, Арсенал, Портсмут, Реал Мадрид, во Анжи и во Локомотив Москва. Дресот на француската репрезентација го носеше на 28 натпревари.
