МВР

Полициски службеници спасија лице во Куманово при обид за самоубиство

21.10.2025 15:21

По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово...

Денеска во 10:40 часот, по претходна пријава за лице кое сака да се самоубие, полициски службеници од СВР Куманово заедно со екипа од Територијалната противпожарна единица Куманово спасија 34-годишно лице од кумановско, кое се обидело да се фрли од „Искрин мост“ во Куманово.

По преземени мерки, лицето е убедено да се откаже од намерата, по што е пренесено во Општа болница Куманово за укажување лекарска помош, соопштуваат од МВР.