Енергетика

Нема простор за загриженост по одлуката на ЕУ за забрана за увоз на руски гас во регионот, уверува министерката Божиновска

21.10.2025 15:44

Во Скопје ќе се одржи Меѓународен форум за енергија за одржлив развој. Ќе се зборува за енергетската транзиција и сигурноста на системите во снабдување со електрична енергија. Нема простор за загриженост по одлуката на ЕУ за забрана за увоз на руски гас во регионот, уверува министерката за енергетика Божиновска...

Нема простор за загриженост по одлуката на ЕУ за забрана за увоз на руски гас во регионот. Ние трошиме мали количества и нема да останеме без енергенс, уверува министерката за енергетика Божиновска. Забраната од први јануари важи за краткорочните договори, а за долгорочните како нашиот од почетокот на 2027-ма. Во меѓувреме, надеж е гасоводот со Грција.

Од 28 до 30-ти октомври Скопје ќе биде домаќин на Меѓународниот форум за енергија за одржлив развој во организација на Министерството за енергија, рударство и минерални суровини и пет регионални комисии на Обединетите Нации.

На конференцијата ќе се разговара за енергетската транзиција, сигурноста во снабдувањето и одржливоста, отпорноста, дигитализацијата на системите.

 

Александра Велинова