Локални избори 2025

ЗНАМ: Сега треба да сме уште пообединети и порешителни во вториот круг

21.10.2025 16:37

Сега треба да сме уште пообединети и порешителни, да покажеме дека центарци заслужуваат вистинска локална власт која ќе биде на страна на граѓаните, порака до гласачите од кандидатот за градоначалник на движењето „Знам“ во Центар, Мирослав Лабудовиќ.

Во вториот круг се почнува од нула. Сега треба да сме уште пообединети и порешителни, да покажеме дека центарци заслужуваат вистинска локална власт која ќе биде на страна на граѓаните, порака до гласачите од кандидатот за градоначалник на движењето „Знам“ во Центар, Мирослав Лабудовиќ.

„Знам“ во вториот круг од кампањата ја продолжува борбата за промена и крај на владеењето на старите политички структури, вели партискиот портпарол Мемов.

Во првиот круг од локалните избори движењето „Знам“ освои над 40.000 гласови и советнички места во 50-ина општини.

 

Викторија Милевска