Герасимовски продолжува со кампањата, вели граѓаните го препознаа чесното работење
Герасимовски вели-ги слушавме, почитувавме, заедно ги креиравме политиките и програмите со граѓаните овие четири години. Реализиравме над 90% од минатата програма...

Преку директни контакти со граѓаните и на терен продолжува кампањата на Горан Герасимовски, кандидат за градоначалник на Центар од коалицијата предводена од СДСМ. Уверен е во победата затоа што вели, граѓаните го препознаа концептот на чесно работење. Потенцира дека покажал како се работи чесно, транспарентно и домаќински овие четири години.
Герасимовски вели-ги слушавме, почитувавме, заедно ги креиравме политиките и програмите со граѓаните овие четири години. Реализиравме над 90% од минатата програма од 2021 година и поради тоа што имаме одлична програма, визија и добар тим на луѓе коишто чесно, одговорно и транспарентно ќе има уште еден најдобар мандат со голем број на проекти коишто ги планираме да ги почнеме од следната година.
За мене е огромна чест, признание и огромна одговорност и обврска. До сите што се двоумеа или имаа дилеми – време е истите да ги надминеме. Ве повикувам во вториот круг да се обединиме и заедно да ја продолжиме визијата за развој на Центар – вели Горан Герасимовски кој во сите предвидени проекти нагласува дека проблемот со сметот во Центар мора да се надмине бидејќи покрај грдата слика за Центар влијае и врз здравјето на граѓаните.
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по првиот изборен круг на локалните избори освои три градоначалнички мандати во Крива Паланка, Кривогаштани и Богданци. Во вториот круг влегуваат со предност пред конкурентите во вкупно пет општини.
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека резултатот остварен на локалните избори не е посакуваниот, но дека сепак се задоволни бидејќи освоиле повеќе гласови споредено со парламентарните избори лани.
Партијата освои 230 советнички места во општинските совети.
Миле А. Ристески
