Русија и Украина разменија воени затвореници

31.08.2014 16:09

По долги и тешки преговори, Русија и Украина разменија затвореници. Украина ја предаде групата од десет руски падобранци кои беа заробени на нејзина територија, а Русија ги врати 63-цата украински војници кои ги држеше во заробеништво од 27-ми август.

,,Преговорите беа многу тешки, но на крај триумфираше здравиот разум и сите завршија добро..Најважно е дека нашите момци се со нас“, рече генерал-мајор Алексеј Рагозин, командант на руските падобранци.

Проруските бунтовници од Донецк соопштија дека ноќта доцна синоќа на украинската страна и предале уште 223 заробени војници и припадници на националната гарда. Во меѓувреме, рускиот претседател Путин апелираше до Украина за почнување на итни преговори за политичко решение на кризата во земјата.