Академија за судии и јавни обвинители

Пробација и условен отпуст можат да ги растоварат затворите

21.10.2025 18:22

Алтернативни казнени мерки и условен отпуст можат да ги растоварат затворите. Првите луѓе на Академијата за судии и јавни обвинители, на Судскиот совет и на Управата за извршување на санкции на дебата.

Над 900 лица во моментов се под пробациски мерки, а системот има капацитет да опфати уште многу повеќе, беше истакнато на раправата на тема „Пробација и условен отпуст“ во Академијата за судии и јавни обвинители.

Директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, посочи дека пробацијата во Македонија постои веќе шест години, но не се користи доволно. Бројките покажуваат дека низ македонските судови има 430 осудени лица со А третман и 330-340 со Б2 третман. Не велам дека сите треба, но, најголем дел од тие осудени лица можат да бидат на условен отпуст, рече Пандов.

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски, ја истакна важноста на ресоцијализацијата на осудените лица, директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Трајкоска Стрезоски, ја нагласи улогата на Академијата во овој процес.

На настанот присуствуваа судии и претседатели на основни судови кои работат на условен отпуст.

 

Игор Панов