Локални избори 2025

Мециновиќ продолжува со позитивната кампања, го покани Ѓорѓиевски на дуел

21.10.2025 16:43

Ако ја добиеме довербата од скопјани, ќе соработуваме со сите советници од Град Скопје, без оглед од која партија доаѓаат, вели кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ. Го повика својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ да се соочи на дуел на неутрален терен...

Скопје се разбуди, надежта ќе ја претвориме во реалност во вториот круг и ќе работиме за сите скопјани. Ова го изјави Амар Мециновиќ, кандидатот за градоначалник на Скопје од Левица, кој влезе во вториот круг на локалните избори. Ако ја добиеме довербата од скопјани, ќе соработуваме со сите советници од Град Скопје, без оглед од која партија доаѓаат, додава Мециновиќ.

Мециновиќ го повика својот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ да се соочи на дуел на неутрален терен, односно со сите телевизии во Градски Парк кај Школка.

Од Левица веќе најавија дека ќе бараат кривична одговорност од членовите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, обвинувајќи ја институцијата за партиска пристрасност и обид за цензура на нивниот кандидат. Односно, како што велат, останале без можност за платено политичко рекламирање во изборната трка.

Борис Грујоски