Абази продолжува со средби со жителите на Студеничани, во фокус питката вода и патната инфраструктура
Продолжувам со средби со жителите на Студеничани за уште еднаш да им ја понудам мојата програма, за општината да ја направам поубаво место за живеење, вели кандидатот за градоначалник од Националната алијанса за интеграција, Ејуп Абази...

Продолжувам со средби со жителите на Студеничани за уште еднаш да им ја понудам мојата програма, за општината да ја направам поубаво место за живеење, вели кандидатот за градоначалник од Националната алијанса за интеграција, Ејуп Абази. Фокусот за решавање проблемите го стави на питката вода за пиење и подобрувањето на патната инфраструктура.
„И во вториот круг пред граѓаните ќе излеземе со истата понуда како и во првиот. Тоа значи дека ќе продолжиме со истите точки кои беа наведени во нашата програма, почнувајќи од обезбедување на питка вода за секое населено место во Општина Студеничани, потоа подобрување на патната инфраструктура и зголемување на квалитетот на образованието во основните училишта. За жал, и по толку многу години, сè уште зборуваме за главниот проблем во некои населени места на Општината Студеничани, кој се однесуваат на питката вода. Почнувајќи од водоснабдувачкиот систем во селото Студеничани, потоа оној во селото Долно Количани како и проблемите со водоснабдувањето и во неколку маала во селото Батинци. Ќе продолжиме со средби со граѓаните, со жителите на Општина Студеничани. Ќе имаме директни средби во секое населено место“, вели Абази.
Многу е нормално да се бара поддршка, вели Абази, но се гледа соработка од населението, односно од избирачите кои гласаа против мојот противкандидат, кој беше во трка од коалицијата ВЛЕН. Тоа е природна соработка што се случува во Општина Студеничани. Тие изразија поддршка — околу 5.000 гласа — за промени, и очекуваат дека во Општина Студеничани ќе се случи промена.
Наташа Гркова-Петрушевска
