Скопје

Вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и „Комунална хигиена“ за сметот во Скопје

21.10.2025 20:44

Министерството за внатрешни работи и инспекциските служби влегуваат во Град Скопје и во „Комунална хигиена“ по неколкумесечното давење на метрополата во отпад. Скопското обвинителството презема дејствија за обезбедување докази за евентуално кривично дело...

Вонреден инспекциски надзор во Град Скопје и во јавното претпријатие Комунална хигиена. Ќе се испитува работењето на досегашната градоначалничка Арсовска и директорот на јавното претпријатие, Рустеми.

Оваа одлука на македонската влада, ќе ја спроведуваат Државниот комунален, санитарен и здравствен инспекторат, Инспекторатот за животна средина и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи.

Непостапувањето во однос на собирањето на комуналниот отпад, што претставува опасност по здравјето на луѓето. Во соопштението на македонската влада, се наведува дека состојбата е алармантна, а Град Скопје во континуитет не постапува согласно своите надлежности и затоа се повикуваат претходно наведените државни институции да постапуваат по донесените заклучоци на владината седница.

И Основното јавно обвинителство Скопје презема дејствија за обезбедување на докази за евентуално кривично дело. Се огласи и градоначалничката во заминување Арсовска. За неа, последниот развој на настаните претставувал политички прогон и обвини дека претставниците на ВМРО – ДПМНЕ и „Вреди“, наводно ја опструирале работата на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, преку претседателката на неговиот управен одбор.

Марија Котовска