Руско-украински конфликт

Трамп не сака бескорисен состанок со Путин

22.10.2025 08:24

Вели дека не сака да има бескорисен состанок со рускиот колега. Клучна точка на сопнување е одбивањето на Москва да ги прекине борбите на фронтот...

Засега нема планови за средба меѓу Трамп и Путин, потврди шефот на Белата куќа. Вели дека не сака да има бескорисен состанок со рускиот колега. Клучна точка на сопнување е одбивањето на Москва да ги прекине борбите на фронтот.

„Не сакам да имам бескорисен состанок. Не сакам да губам време, па ќе видам што ќе се случи. Ги направивме сите овие одлични мировни договори, цврсти договори, секој еден од нив. И реков: Одете на борбената линија, на бојното поле, а потоа повлечете се и одете дома“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Од Кремљ велат дека таква средба бара сериозна подготовка и не може да се зборува за одложување на нешто што не е договорено. Од друга страна, Зеленски ја повтори подготвеноста на Украина за прекин на огнот, обвинувајќи ја Русија за незаинтересираност за дипломатија.

„Штом прашањето за можностите за долг дострел за Украина стана помалку итно, интересот на Русија за дипломатија автоматски исчезна. Ова сигнализира дека токму со оваа дискусија ја принудивме Русија да открие дека томахавците се картата што ја сфаќаат сериозно“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Додека Европските земји работат со Украина на предлог од 12 точки за прекин на војната, Русија изврши нов масовен напад врз Киев и други градови низ земјата. Пријавени жртви и повредени.