Јапонија

Санае Такаичи, прва жена премиер на земјата

22.10.2025 10:10

Доаѓа на функцијата во време на политичка нестабилност и веднаш се соочува со инфлација, падната доверба во институциите и важна средба со Трамп-клучна за редефинирање на односите меѓу Вашингтон и Токио.

Јапонија доби прва жена премиер, Санае Такаичи, 64-годишна конзервативна политичарка, позната како „јапонската железна дама“.