Стартува новата НБА сезона, победи за Оклахома и Голден Стејт
22.10.2025 09:45
Бранителот на шампионскиот трофеј, Оклахома на домашен терен по две продолженија успеа да го совлада Хјустон рокетс со 125:124.

Екипите на Голден Стејт Вориорс и Оклахома Сити Тандер со победа ја почнаа новата сезона во најсилната кошаркарска лига на светот – НБА.
Бранителот на шампионскиот трофеј, Оклахома на домашен терен по две продолженија успеа да го совлада Хјустон рокетс со 125:124.
Центарот на Рокетс, Алперен Шенгун, беше најефикасен на теренот со 39 поени, во победничкиот тим се истакна Шеј Гилџес-Александар со 35 поени.
Голден Стејт на гостински терен славеше победа над Лос Анџелес лејкерс со 119:109.
Вечер по полноќ на распоредот се 12 натпревари.
