Франција

Лувр повторно отворен за посетители, крадците сè уште во бегство

22.10.2025 12:06

Музејот Лувр повторно отворен за посетители, по историскиот грабеж во неделата што го шокираше светот. Полицијата сè уште трага по четворицата крадци кои изнесоа скапоцености чијашто вредност се проценува на 88 милиони евра...

Музејот Лувр повторно отворен за посетители, по историскиот грабеж во неделата што го шокираше светот. Полицијата сè уште трага по четворицата крадци кои изнесоа скапоцености чијашто вредност се проценува на 88 милиони евра.

Директорката на музејот, Лоренс де Кар, ќе одговара пред францускиот Сенат, додека инцидентот предизвика дебата за безбедноста во културните институции. Министерката за култура најави административна истрага, покрај полициската, тврдејќи дека безбедносниот систем на Лувр функционирал за време на грабежот.

„Дали безбедносните системи во музејот Лувр беа неисправни? Не. Тие не беа неисправни. Тоа е факт. Безбедносните системи функционираа. Покренав административна истрага што ќе се спроведе со целосна транспарентност и ќе ги открие деталите за настаните што се случија минатата недела“, изјави француската министерка за култура, Рашида Дати.

Крадците во неделата наутро, веднаш по отворањето на музејот, со помош на кран на возило паркирано пред зградата, стигнале до салата од каде што го однеле накитот и побегнале со скутери. Целиот грабеж бил извршен за само четири минути.