МВР
Лишени од слобода двајца тетовци, пронајдени марихуана и пиштол
22.10.2025 12:30
Полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.В.(23) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана...

Вчера во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода А.В.(23) од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација. И Б.В. е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР.
