Обвинителство

Претреси на повеќе локации во Скопје, сомнеж за лихварство и перење пари

22.10.2025 12:36

Под раководство на предметен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски единици на МВР извршуваат претреси на повеќе локации во Скопје …

Се вршат претреси на повеќе локации во Скопје, информираат од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

Соопштуваат дека под раководство на предметен обвинител, претресите ги вршат единици на Министерството за внатрешни работи (МВР), а станува збор за сомнежи за лихварство и перење пари.

„Станува збор за осомничени лица за кои постои основано сомневање дека сториле кривично дело лихварство и перење пари“, велат од ОЈО ГОКК.

Повеќе детали за акцијата ќе бидат споделени со јавноста по нејзиното завршување.