Локални избори 2025

Кандидатот на „Вреди“ за градоначалник на Боговиње, Фети Абази - повика на масовна излезност во вториот круг

22.10.2025 17:00

„Ниту заканите, ниту уцените не ги спречија граѓаните да гласаат за промени во Боговиње“, вели Абази, кој повика на масовна излезност на 2-ри ноември...

Кандидатот на „Вреди“ за градоначалник на Боговиње, Фети Абази смета дека гласачите уште во првиот круг покажале дека сакаат промени, па затоа добил најмногу гласови. „Ниту заканите, ниту уцените не ги спречија граѓаните да гласаат за промени во Боговиње“, вели Абази, кој повика на масовна излезност на 2-ри ноември.

„Во Боговиње промената веќе се случи, ние излеговме победници во првиот круг. Граѓаните покажаа висока свест и граѓанска одговорност. И покрај заканите, уцените и купувањето на гласови, тие покажаа дека ја сакаат промената. Слободно можам да кажам дека никој не може да го сопре движењето на промената. Волјата на граѓаните за промена треба да се потврди и во вториот круг на 2-ри ноември, за конечно да го преземе мандатот на градоначалник и да започне со реализација на проектите од изборната програма. Ќе го свртиме вниманието каде што е потребно – кон планинските села. Покрај инфраструктурни инвестиции, овие населени места имаат голем потенцијал за развој на планински туризам и зголемување на благосостојбата. Не толку одамна се фалевме со квалитетот на образованието во нашата општина. Нашите деца постигнаа одлични резултати низ целата земја и пошироко! Нашето ветување е дека ќе го деполитизираме образованието. Политиката треба да ги држи рацете подалеку од нашите училишта! Да го вратиме достоинството на наставниците, учениците и родителите“, изјави Фети Абази, кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Боговиње.

Ние во „Вреди“ ја разбираме поддршката како обврска и одговорност што ќе ја носиме со чесност. Промената што започна пред една година го доби вашиот печат и треба да ја завериме и во вториот круг, вели кандидатот за градоначалник Абази.

 

Игор Панов