Кандидатот на НАИ, Бесник Eмшиу повторно ја бара довербата од избирачите
Кандидат за градоначалник на Боговиње, Бесник Eмшиу повторно ја бара довербата од избирачите за да продолжи да ја води локалната самоуправа и во наредните четири години. Вели дека ја промовира новата програмска понуда, но и досега сработеното...

Националната алијанса за интеграција ја продолжува кампањата пред вториот круг од локалните избори. Нивниот кандидат за градоначалник на Боговиње, Бесник Eмшиу повторно ја бара довербата од избирачите за да продолжи да ја води локалната самоуправа и во наредните четири години. Вели дека ја промовира новата програмска понуда, но и досега сработеното.
„Pо завршување на првиот круг од избори поради недостиг на цензус од 50 плус 1 ќе преминеме во вториот круг, каде што ќе започнеме од почеток. Во овој период ќе ги промовираме нашите проекти што ги реализиравме во секое населено место во општина Боговиње, со цел граѓаните да ги информираме за работата што ја завршивме во овој четиригодишен мандат. Очекувам позитивен резултати и јас да бидам градоначалник на општината и во следниот четиригодишен мандат. Сè уште има многу работа. И токму оваа поддршка што ми ја даваат граѓаните денес ме мотивира да продолжам уште посилно по патот на напредок и развој. Вториот мандат нема да биде само продолжение на нашата работа – туку ќе биде нова фаза со поголеми цели, со поамбициозни проекти и уште поголема посветеност кон секое соседство, секое село и секое семејство во нашата општина“, изјави Бесник Eмшиу-кандидат за градоначалник на Боговиње од Национална алијанса за интеграција.
Емшиу вели дека проектите што ги реализирал се видливи и затоа очекува жителите на Боговиње повторно да му дадат доверба за да биде реизбран. Тоа според него ќе значи и континуитет во реализација на проектите.
Александра Спировска
