„Дуо Трио“ на винил – култните песни од „К-15“ добија свое место на плоча
Хуморот и музиката од едно од најкултните македонски телевизиски шоуа – „К-15“ – добија свое винил издание...

Хуморот и музиката од едно од најкултните македонски телевизиски шоуа – „К-15“ – добија свое винил издание. Васко Тодоров, Бранко Огњановски и Љупчо Бубо Каров, попознати како „Дуо Трио“, објавија плоча со своите најголеми хитови кои публиката ги памети од златните години на шоуто.
„К-15 ДуоТрио Greatest Hits“ е првиот винил со „две предни страни“, означени како „абеА“ и „абеБ“. На него се најдоа безвременските хитови кои ја обележаа младоста на цела една генерација:
„Билјана сајла немаше“, „Статива“, „Ева“, „Шуруп“, „Пауза“, „Целофан“, „Шалтер“, „За Бадев“, „Многу љубам да веслам“, „Маде ин“ и „Градинарот“ се песните кои се најдоа на плочата.
Секој што ќе го нарача винилот во претпродажба до 25 октомври 2025 година, ќе може неговото име да биде отпечатено на внатрешната корица на плочата.
„Внатрешната корица се полни со вашите имиња! Благодарност до сите кои веќе нарачаа – вие сте дел од винилот“ – порачаа од К-15.
Нарачките се достапни исклучиво преку duris.shop
