Локални избори 2025

Ѓорѓиевски: Да не дозволиме Скопје да биде голема депонија

22.10.2025 15:47

Расчистување на сметот кој го имаме на секој чекор, да не дозволиме Скопје да биде голема депонија – вели кандидатот за градоначалник на метрополата од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски...

Расчистување на сметот кој го имаме на секој чекор, да не дозволиме Скопје да биде голема депонија – вели кандидатот за градоначалник на метрополата од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски. Ова е правата работа со која ќе се зафати откако ќе го освои градоначалничкиот мандат.

На покана на мнозинство на Советот на Град Скопје предводена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата заедно со советничката група на ВЛЕН и ЗНАМ остварена координативна средба на која во фокусот се првите чекори кои ќе бидат преземени, по првиот ребаланс на буџетот кој заедно со советниците ќе можат да го направат, а со посебен акцент на решавање на проблемот со, како што вели, нефункционалноста на јавните претпријатија – посочи Ѓорѓиевски.

Целта е јасна модерен, европски град каков што заслужуваат скопјани. Во однос на повикот на кандидатот на Левица, Амар Мециновиќ за поддршка од СДСМ како и од Националната алијанса за интеграција, Ѓорѓиевски со став „ако до сега тоа беше јавна тајна, сега на сите им е јасно дека постои коалиција меѓу Левица и партијата на Ахмети“.

„Ако во минатото говоревме за тие состојби, а некој ги негираше, особено после вчера, повикот на Левица поради исти погледи, иста идеолошка платформа да ги поддржеле од СДСМ и ДУИ, веќе е јавна таа коалиција. Добро е да се анализираат резултатите каде Левица има добиено поддршка. Сметам дека и во првиот круг Левица имаше поддршка од ДУИ“, вели Ѓорѓиевски.

Кандидатот, истовремно и актуелен градоначалник на Аеродром од редовите ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Митески денеска на терен во акција на расчистување на општината. Вели, континуирано се чисти, но за жал не се постигнува поради безобразниот однос на Град Скопје и Јавното претпријатие „Комунална Хигиена“, кои секој месец редовно им наплаќаат на граѓаните, а ги оставаат да се гушат во ѓубре. Митески вели дека се снаоѓаат како знаат и умеат, бараат помош од други општини, механизација и камиони пристигнуваат од општествено одговорни компании за што општината Аеродром троши илјадници евра да го исчисти сметот и од јавните површини, но и од пред домаќинствата.

Градоначалник кој нема да го распродава државното земјиште задоволувајќи нечии лични интереси, крај на градежното дивеење, крај на непланското градење и бетонизација на општина-приоритет број еден на кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски.

Лукровски нуди план и за решавање на проблемот со паркинзите, крај за сметот по улиците, инклузија на лицата со посебни потреби, зголемување на редарските служби за безбедноста на децата во училиштата, како и решавање на проблемот со кучињата скитници.

Марина Стојанова-Тонева