Скопје во смет

Обвинителството и инспекциите ја чешлаат „Комунална хигиена“

22.10.2025 17:41

Скопје преплавено од смет. Контејнерите полни, смрдеата го пара воздухот. Општините се самоорганизираат за акции за чистење. Обвинителството и инспекциите ја чешлаат „Комунална хигиена“. Синдикатот реагира – платата во претпријатието доцни, а камионите за ѓубре се расипани …

Обвинителството ја чешла работата на Град Скопје и Комунална хигиена. Одземена е документација под сомнение за сторени кривични дела поврзани со работењето на претпријатијата во врска со несобирањето на комуналниот отпад. Од Јавното обвинителство соопштуваат дека се дадени наредби и веќе постапува МВР и инспекциските служби.

По средбата со вработените во Комунална, синдикатот на СУТКОЗ информира дека тие не ја добиле платата за септември, но и покрај тоа редовно ги извршуваат работни задачи. Најавија кривични пријави за раководството.

Во ЗЕЛС скопските градоначалници на итна седница за состојбата со комуналниот хаос во Градот Скопје.

Инспекциите доаѓаат откако Владата задолжи неколку институции да го проверат работењето на Комунална хигиена и Градот Скопје.

Викторија Милевска