Локални избори 2025

Мециновиќ: Вториот круг е избор меѓу старото и новото

22.10.2025 16:27

„Левица“ во вториот круг од локалните учествува со кандидатот Амар Мециновиќ, кој ја бара довербата од скопјани. За него, изборот е меѓу старото и новото. Мециновиќ најави позитивна кампања, во обид да ги обедини гласовите на противкандидатите кои отпаднаа од трката …

Вториот изборен круг не е натпревар меѓу двајца кандидати, туку избор меѓу старото и новото, меѓу статус-квото што го изеде градот и визијата за едно поинакво Скопје – порача кандидатот за градоначалник од редовите на „Левица“, Амар Мециновиќ. Тој рече дека ќе продолжи со позитивна и проактивна кампања, но, смета дека околностите и условите за натпревар не биле рамноправни.

Кандидатот Мециновиќ вели, доколку победам, тоа нема тоа да биде лична победа, туку чин на отпор и демократизација на општеството.

Кандидатот на Левица за татко на метрополата испрати и порака до сите граѓани, особено оние кои во првиот круг останале дома, да се охрабрат и да гласаат за промена.

Наташа Гркова-Петрушевска