Пандев во Галатасарај!
Горан Пандев ќе ја продолжи кариерата во Галатасарај, јавуваат турските медиуми. На последниот ден од преодниот рок, нашиот најдобар фудбалер се решил да ја прифати понудата на тускиот тим којшто сезонава ќе настапува во Лигата на шампионите. Тренерот на Наполи, Рафаел Бенитез, не го стави Пандев во составот за баражите од елитната конкуренција на УЕФА, а не сметаше на него и за првиот дуел во италијанскиот шампионат со Џенова по што македонскиот интернационалец решил да ја промени средината.

За Пандев беа заинтересирани повеќе клубови, постоеше можност да оди во Арсенал или во Лестер, блиску до него беа Милан и Фиорентина, се шпекулираше дека интерес пројавила и Херта, но сепак, Пандев решил да замине за Истанбул. Официјализирање на преминот се чека во текот на утрешниот ден.