Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
23.10.2025 08:11
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 20 степени.
УХМР информира дека следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
