Ден на македонската револуционерна борба
Денеска се одбележува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник посветен на основањето на внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во 1893, во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија насловена „Од идеја до држава“, на која ќе се обрати претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.

Во земјава денеска се одбележува 23 октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник посветен на основањето на внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во 1893 година во Солун.
Организацијата ја предводеше борбата за автономија на Македонија и го поставила темелот на македонското револуционерно движење.
По повод празникот, денеска во 14 часот во Македонскиот народен театар ќе се одржи свечена академија насловена „Од идеја до држава“, на која ќе се обрати претседателот на владата, Христијан Мицкоски.
