Трамп воведува санкции за Русија
На средбата со генералниот секретар на НАТО, Руте, Трамп истакна оти се надева дека санкциите ќе му помогнат на Путин да биде разумен во врска со завршувањето на војната...

Претседателот на САД објави дека воведува големи санкции за Русија. На средбата со генералниот секретар на НАТО, Руте, Трамп истакна оти се надева дека санкциите ќе му помогнат на Путин да биде разумен во врска со завршувањето на војната.
„Тоа се масовни санкции и санкции врз нафтата. Двете најголеми нафтени компании, меѓу најголемите во светот се руски. Тие работат многу со нафта. И се надевам дека тоа ќе влијае, се надевам дека тој ќе стане разумен и се надевам дека и Зеленски ќе биде разумен. Знаете, потребни се двајца за танго, како што велат, и ние ќе откриеме. Се мразат еден со друг“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
„Она што претседателот го прави денес со овие санкции е да врши поголем притисок, се разбира, врз двете страни, во овој случај врз Русија. Сето тоа е за да се осигури дека Путин ја разбира визијата на претседателот за прекин на огнот, да престане таму каде што е. ова мора да биде првиот чекор сега, и тој навистина да ја прифати таа визија и да седне на масата за преговори“, изјави Марк Руте, генерален секретар на НАТО.
Шефот на Белата Куќа исто така, ја бранеше одлуката да не и обезбеди на Украина ракети „Томахавк“, бидејќи ќе биде потребно премногу време за обука на украинската војска да ги користи.
