Десетици приведени на протест во Тбилиси
Триесет лица се приведени по протестот во Тбилиси во чест на затворената грузиска новинарка Мзија Амаглобели, основач на независни медиуми во земјата...

Триесет лица се приведени по протестот во Тбилиси во чест на затворената грузиска новинарка Мзија Амаглобели, основач на независни медиуми во земјата. Амаглобели, заедно со уште еден новинар кој исто така е во затвор, ја освоија наградата Сахаров највисоката награда на Европската Унија за човекови права.
„Ова е насилството на грузискиот сон врз грузиските граѓани. Нема запирање на овој протест, нема запирање на демонстрантите. Нема запирање на борбата за правда“, изјави Лева Цуцкириѕе, политичко движење Плоштад на слободата.
Претседателката на Европскиот парламент, ги објави победниците вчера. Мецола рече дека двајцата новинари се затворени врз основа на измислени обвиненија за нивната работа и храброст во говорот против неправдата.
