Блиски Исток

Египет и ЕУ на самит во Брисел

23.10.2025 10:50

Египет и ЕУ го одржаа првиот самит во Брисел. Лидерите разговараа за безбедноста, трговијата и миграцијата, како и за стабилноста во Газа...

Египет и ЕУ го одржаа првиот самит во Брисел. Лидерите разговараа за безбедноста, трговијата и миграцијата, како и за стабилноста во Газа.

„Се подготвуваме да формираме група за донатори за Палестина. Таа ќе ги собере меѓународните партнери за заеднички да промовираат реформи и поддршка на палестинската самоуправа. Знаеме дека можеме да сметаме на активната поддршка од Египет. Ова е клучен момент за целиот Медитеран. Иднината на нашиот регион се препишува пред наши очи. Европа и Египет имаат јасен удел во обликувањето на таа иднина“, изјави Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.

Египетскиот претседател потенцираше дека договорот на американскиот претседател Трамп за Блискиот Исток, кој има за цел да стави крај на двегодишната војна на Израел во Газа, претставува последна шанса за мир во регионот и го повтори својот повик за решение со две држави.