Пјонгјанг потврди нови ракетни тестови
Северна Кореја соопшти дека нејзините најнови ракетни тестови вклучуваат нови хиперсонични системи насочени кон зајакнување на нејзината нуклеарна одбрана.

Северна Кореја соопшти дека нејзините најнови ракетни тестови вклучуваат нови хиперсонични системи насочени кон зајакнување на нејзината нуклеарна одбрана.
Извештајот на официјалната Корејска централна новинска агенција на Северна Кореја дојде еден ден откако војската на Јужна Кореја соопшти дека Пјонгјанг лансирале повеќе ракети од област јужно од главниот град и дека тие летале околу 350 километри североисточно пред да паднат на копно.
Тестовите се случија неколку дена пред светските лидери, вклучувајќи го и американскиот претседател Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг, да се соберат во Јужна Кореја за годишните состаноци на Азиско-пацифичката економска соработка.
