Евроинтеграции

Калас: Прозорецот на ЕУ за проширување е отворен

23.10.2025 10:23

Прозорецот за проширување на унијата сега е широко отворен, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас...

Проширувањето на ЕУ е геостратешка инвестиција во безбедноста на цела Европа.

„Прозорецот за проширување на унијата сега е широко отворен, изјави високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас по Самитот за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, што се одржа во Лондон. Се сретнавме со нашите партнери од Западен Балкан со цел да ја продлабочиме соработката во областите на безбедноста, енергетиката и економијата, напиша таа на платформата Х.