Полицијата успешно се справува со нелегалната сеча на дрва
За три месеци, колку што трае акцијата „Гора“ запленети се илјада метри кубни огревно дрво или вкупно сто камиони, тоа просечно доаѓа секој ден три камиони сечеле и превезувале огревно дрво.

Полициската акција „Гора“ ја крати нелегалната сеча на огревно дрво. За три месеци откако трае акцијата во целата држава, биле контролирани 245 скалдишта, 49 се затворени поради нерегуларно работење. Од контролирани 31 фирма дури кај 21-на увдени се неправилности и одземени на 7.200 евиденциски листови. Издавале дозвола за сеча во шуми сопственост на државата, но и дозволи за сеча каде воопшто нема шума.
„Поднесени се пет кривични пријави кои се однесуваат на службени лица во институциите кои практично биле задолжени да го спроведуваат законот. Тука имаме кривична пријава за директор на подружница, има кривична пријава за одговорни лица. Се на се констатиравме една загрижувачка сосотојба“, рече министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.
„Гора“ се спроведува на целата територија на државата, но најмногу зепленети дрва има во скопскиот и тетовскиот регион.
За три месеци, колку што трае акцијата „Гора“ запленети се илјада метри кубни огревно дрво или вкупно сто камиони, тоа просечно доаѓа секој ден три камиони сечеле и превезувале огревно дрво.
Во македонски шуми задоволни. Акцијата потврдуваат ги дала очекуваните резултати.
„Во последниот период од месец дена продажбата на огревно дрво кај физичките лица е удвоена. Значи, постепено муштериите си се враќаат кај стариот партнер, сметам дека граѓаните го препознаваат она што е легално, што жигосано и снабдено со испратница дека потекнува од легална сеча“, рече Тони Јованов, комерцијален директор на Македонски шуми.
И додека акцијата гора продолжува, запленетите дрва ќе бидат дадениза огрев на центрите за социјална работа и здравствените институции.. во межувреме македонски шуми до крајот на септември по поефтина цена го продава буковото дрво, социјално загрозените семејства имаат дополнителен попуст и бесплатен транспорт.
