Голем интерес за бесплатна вакцинација против сезонски грип
Од година во година се зголемува интересот за вакцина против сезонски грип, а тоа се потврдува и со стартот на вакцинацијата оваа сезона. За само 4 работни денови на ниво на Центарот за јавно здравје Битола, вакцинирани се повеќе од 1.000 лица. Во моментот тече вакцинацијата со бесплатните вакцини, а наредната недела се очекува да пристигнат и комерцијалните вакцини за оние граѓани кои не спаѓаат во ризичните категории …

Голем интерес за бесплатна вакцина против сезонски грип покажаа граѓаните од ризичните групи. Од почетокот на вакцинацијата. За само четири работни денови, на ниво на Центарот за јавно здравје-Битола вклучувајќи ги и градовите Демир Хисар, Ресен и Кичево, имунизирани се над 1.000 лица, од нив повеќе од 500 само во Битола.
Од година во година се зголемува свесноста за значењето и заштитата од вакцината против сезонски грип. Пред пунктовите за вакцинација има голема раздвиженост. Граѓаните според минатогодишните искуства потврдуваат дека вакцината е најдобар начин за заштита своето здравје.
Во моментов се одвива бесплатната вакцинација, за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца од 6 месеци до 5 години, лицата во старските домови како и вработените во овие установи. Следната недела ќе пристигнат и комерцијалните вакцини, за оние граѓани кои не спаѓаат во наведените категории а сепак сакаат да се заштитат.
Вакцинацијата се одвива на 35 вакцинални пункта ширум државава, од Министерството за здравство информираат дека од набавени рекордни 80 илјади вакцини, до сега се пријавени повеќе од 60 илјади граѓани.
Александра Максимовска
