МВР

Лишен од слобода бегалец од затвор, осуден за убиство на затворска казна од осум години

23.10.2025 14:33

Полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага во с. Манастирец, општина Росоман, од слобода е лишен Б.Л.(38), кој бил баран по централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Штип...

Денеска околу 07:10 часот од страна на полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка-Отсек потрага во с. Манастирец, општина Росоман, од слобода е лишен Б.Л.(38), кој бил баран по централна потерница поради бегство од КПУ Затвор Штип од 18.08.2023 година.

Б.Л. е осуден за сторено кривично дело по чл. 123 (убиство) на казна затвор во траење од осум години, а за доиздржување има уште четири години, девет месеци и 24-денови. Б.Л. е предаден во КПУ Затвор Штип.