Собрание
Доделена државната награда „23 Октомври“
23.10.2025 14:00
Во Собранието денеска беше доделена државната награда „23 Октомври“, за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес...

Во Собранието доделени наградите „23 Октомври“ за долгогодишни остварувања во делот на науката, културата, образованието и промоција на заштита на националните интереси.
За остварување во областа на културата и уметноста наградата ќе им се додели на Гоце Тодоровски, актер, Александар Кујунџиски, писател за деца и возрасни, Братислав Ташковски, поет, романсиер, драмски писател и новинар, како и на академик Божин Павловски, писател.
