Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и коалиција на терен
Кандидатката за градоначалничка на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марија Нацева, вели ако стане мајка на општината, приоритет ќе им даден на комуналната и патната инфраструктура. Чиста општина, решение на паркингот, поголема безбедност и економски развој ветуваат и претендентите за градоначалничката функција на Скопје и Карпош, Георгиевски и Лукровски...

Ветуваме исчистено Скопје. На терен кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓоргиевски, со своите колеги кандидати од коалицијата ВМРО-ДПМНЕ.
Карпошани може да очекуваат дека нема повеќе да имаат проблеми со сметот, најави кандидатот за градоначалник на Карпош, Сотир Лукровски. Вети дека во првите неколку месеци од мандатот ќе го реши проблемот со сметот. Лукровски потенцираше дека карпошани нема да имаат градоначалник што ќе ја распродава општината и земјиштето што е во сопственост на државата, дека нема наутро кога ќе се разбудат нема да видат во парковите парцели за згради, вети кандидатот за градоначалник на Карпош од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Сотир Лукровски. Најави дека ќе го реши и проблемот со паркинзите со изградба на катни гаражи во Карпош, на местоположба за која ќе ги консултира граѓаните.
Кандидатот за градоначалник на Карпош, Лукровски најави изградба на два нови резервоари за вода за да се реши проблемот со недостиг во општината, дека ќе изгради два нови паркови, ќе ја зголеми безбедноста во Карпош, ќе воведе редарски служби во училиштата за поголема безбедност на децата, поголема вклученост на лицата со посебни потреби со нивно вработување и изградба на дневен центар и решение за проблемот со кучињата скитници.
Граѓаните на општина Неготино препознаа дека ВМРО-ДПМНЕ е народна, искрена партија и на втори ноември ќе го потврдат резултатот од првиот круг, вели кандидатката за градоначалничка на Неготино од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Марија Нацева. На граѓаните им предложивме програма со реални проекти, дел коишто веќе се реализираат и дел што во најбрзо време ќе почнат да се реализираат. Најголем акцент дадовме на комуналната и патната инфраструктура. Нема да оставиме ниту едно населено место ниту во градот, ниту во населено место каде нема да има асфалтиран пат, водовод и канализација, вели Нацева.
Најави реконструкција на подрачните училишта, на градинките и воведување бесплатен оброк за учениците од прво до петто одделение и социјална заштита. Развој на индустриските зони, што ќе донесат нови инвестиции и вработување на голем број на луѓе и задржување на младите во општина Неготино.
Ирина Гелевска
