Од загаден воздух годишно умираат 400 000 европејци
Загадениот воздух годишно „убива“ околу 400 000 Европејци, односно 3,2 милиони луѓе на глобално ниво. Агенцијата за животна средина на Европа објави фрапантни податоци според кои во над 90 насто од европските урбани места, воздухот е сериозно загаден. Во 400 европски градови е надмината границата на недозволиви честички во воздухот од 50 микрограми на кубен метар, а меѓу најзагадените се градовите во Полска и во Бугарија. Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе умираат од загаден воздух отколку во сообраќајни несреќи.
Загадениот воздух годишно „убива“ околу 400 000 Европејци, односно 3,2 милиони луѓе на глобално ниво. Агенцијата за животна средина на Европа објави фрапантни податоци според кои во над 90 насто од европските урбани места, воздухот е сериозно загаден. Во 400 европски градови е надмината границата на недозволиви честички во воздухот од 50 микрограми на кубен метар, а меѓу најзагадените се градовите во Полска и во Бугарија. Истражувањата покажуваат дека повеќе луѓе умираат од загаден воздух отколку во сообраќајни несреќи. Болестите, како астмата, ракот, проблемите со дишните патишта и срцевите заболувања се само дел од последиците на загадениот воздух коишто создаваат високи трошоци за здравствените системи. Европската комисија ги проценува меѓу 330 и 940 милијарди евра. Според метеоролозите, главната причина за високата загаденост е отсуството на ветер.
Европската комисија претстави акциски план којшто предвидува построги гранични вредности на штетните гасови во земјите членки, кој ќе биде во полза не е само за здравјето на граѓаните на ЕУ туку и за животната средина, односно за квалитетот на почвата и на водата за пиење. Еврокомесарот за заштита на животната средина Јанез Поточник смета дека воздухот денес е многу почист отколку во изминатите децении, меѓутоа дека тој и натаму е невидлив убиец којшто ги спречува луѓето да водат активен живот.
Марина Автовска
