Училишното звонче утре ќе заѕвони за 280 000 ученици
Основците и средношколците уште денес ќе одмараат, за нив заврши летниот распуст. Годинава на школо ќе трганат 20 000 првачиња. Првиот час ќе почне со миење раце...

Основците и средношколците утре повторно ќе седнат во училиштните клупи. Последниот ден од распустот искористен за да се направат последните подготовки. Раздвижено низ книжарниците, се купуваа ранци, тетратки, прибор, но и обувки и облека. Децата полни со енергија.
„Сега ќе бидам трето оделение, ми остана да прочитам уште една лектира“
„Се радувам што ќе одам во училиште“, велат анкетираните деца.
Родителите не штедеа за своите најмили. Овој ден го искористија да ги подноват учениците. Книгите се подготвени, останаа уште најситните детали за да се комплетира училишниот прибор.
Во книжарниците понуда за сечииј џеб. Попустите ги нанамија родителите порано да ги завршат обврските спрема децата.
„Училишниот прибор се повеќе родители се информираат и внимаваат да не биде токсичен, безбеден за употреба, европско потекло. Тоа е она што ние го нудиме, со еколошки предзнак производи, фломастери, дрвени боици, пластелин, водени боици“, вели Татјана Димовска – Атанасова.
Училишното звонче утре ќе заѕвони за 280 000 ученици.
Основците и средношколците уште денес ќе одмараат, за нив заврши летниот распуст. Годинава на школо ќе трганат 20 000 првачиња.
Првиот час ќе почне со миење раце. Ова се дел од превентивните мерки на надлежните за заштита од епидемијата на жолтица која се појави во неколку општини. Во изминатава недела се направија неопходните проверки и беа дезинфицирани училиштата.
Викторија Тодоровска
