Локални избори 2025

Сулејмани: Времето на лошо владеење заврши

23.10.2025 17:49

„Вреди“ со порака дека лошото време на локално владеење и ароганција заврши – продолжува да бара повеќе гласови од електоратот во општините во кои има кандидати во вториот круг локални избори. Велат дека никој не може да ги запре промените кои допрва доаѓаат ако ја добијат довербата да управуваат со локалната власт..

Албанците испратија моќна порака дека времето на лошо владеење, ароганција и измама заврши и не само на централно,туку и на локално ниво. Истакна портпаролот на Вреди, Дритон Сулејмани.

Пред оваа граѓанска волја НАИ доживееја пораз, но, како што рече Сулејмани, тие не извлекле поука.

Заблагодарувајќи им се на гласачите портпаролот на Вреди нагласи дека Албанците веќе не може да бидат излажани и дека промената е неповратна и дека иднината е со Вреди, луѓето на трудот, достоинството и визијата.

Мира Пиштолова