ДИК со одлуки по приговорите од првиот круг локални избори
Во 33 општини завршија изборите во првиот круг на локалните избори. За 11 има приговори. Конечните резултати ќе бидат откако по нив ќе одлучи ДИК или Управниот суд. Потврдени се советничките листи во 64 општини, има приговори во 17 локални единици.

Вкупно 57 приговори се доставени до Државната изборна комисија од повеќе изборни места. 37 приговори се за утврдени резултати, 20 за постапка при гласањето.
Од вкупно 44 општини по првични официјални резултати на ДИК стигнале приговори од 11. А за 33 општини има конечни резултати за завршено гласање во прв круг на локалните избори.
ДИК ги потврди советничките листи во 64 општини. За советничките листи поднесени се приговори од 17 општини. Подносителите имаат право на тужба до Управниот суд.
До ДИК се доставени и 5 приговори за лично избирачко право. По извршената проверка утврдено е дека се неосновани, односно лицата уредно се впишани во избирачкиот список.
Марина Стојанова-Тонева
