Временска прогноза

Облачно и релативно топло со повремени врнежи од дожд

24.10.2025 08:06

Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h).

Минималната температура ќе биде во интервал од осум до 15 степени, а максималната ќе достигне од 14 до 24 степени.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец.