Култура

Љутков во работна посета на Виница

24.10.2025 08:11

Во рамки на посетата, министерот Љутков ќе го посети археолошкиот локалитет Виничко кале, каде што е предвидена изјава за медиумите...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ќе престојува во работна посета на Виница. Во рамки на посетата, министерот Љутков ќе го посети археолошкиот локалитет Виничко кале, каде што е предвидена изјава за медиумите.

Исто така, министерот Љутков во Виница ќе присуствува и на отворањето на Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница Веритас“, каде што ќе се обрати пред присутните, соопштија од Министерството.