Европа ја потврдува поддршката за Киев
Европските лидери се посветени финансиските потреби на Украина да бидат покриени во следните две години...

Европските лидери се посветени финансиските потреби на Украина да бидат покриени во следните две години, заклучок по самитот во Брисел.
„Постигнавме три важни договори. Прво, европските лидери се обврзаа да ги обезбедат финансиските потреби на Украина во следните две години. Ја замоливме Комисијата што е можно поскоро да предложи опции, така што Украина ќе ги има потребните ресурси за да продолжи да се брани и да се бори за праведен и траен мир во 2026 и 2027 година, доколку е потребно. Русија треба добро да го земе предвид ова“, изјави Антонио Коста, претседател на Европскиот совет.
Европската Унија воведе економски санкции врз Русија, веднаш по американскиот претседател Доналд Трамп кој санкционираше два руски нафтени гиганти. Санкциите од Вашингтон се непријателски потег што би можел да се врати како бумеранг, став на рускиот претседател Путин.
„Ова е непријателски чин кон Русија. Очигледно е. Не помага во зајакнувањето на руско-американските односи кои штотуку почнаа да се опоравуваат. Таквата акција на американската администрација сигурно ќе им штети на односите меѓу Русија и САД“, изјави Владимир Путин, претседател ан Русија.
Денеска е закажан состанок на коалицијата на подготвени за поддршка на Украина.
