Доналд Туск на местото на Ван Ромпуј, Могерини ја наследува Ештон
Полскиот премиер Доналд Туск е вториот претседател на Европскиот совет и првиот преставник на толку висока фунакција од земјите во централна и источна Европа. А шефицата на италијанската дипломатија Федерика Могерини – новата преставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ ја наследува позицијата на Кетрин Ештон.
Станува збор за очекувана одлука, наведуваат дипломатски извори во Брисел.

Дипломат кој инсистираше на анонимност, претходно за „Танјуг“ изјави дека тоа било одлучено по интензивните консултации кои европските лидери ги имале во текот на летната пауза и потврдено на дводневниот неформален состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ кој денеска беше завршен во Милано.
За овие номинации ќе се гласа во Европскиот Парламент.