Европа

Нарушен воздушниот простор на Литванија

24.10.2025 09:40

Министерството за надворешни работи на Литванија ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус, во знак на протест. Инцидентот се случува во период на засилени тензии меѓу Москва и балтичките земји...

Литванскиот претседател потврди дека руските воени авиони го нарушиле воздушниот простор на Литванија. Министерството за надворешни работи на Литванија ги повика претставниците на руската амбасада во Вилнус, во знак на протест. Инцидентот се случува во период на засилени тензии меѓу Москва и балтичките земји, кои се стравуваат дека руската агресија врз Украина може да има пошироки безбедносни последици.

„Остро го осудувам неодамнешното нарушување на литванскиот воздушен простор од страна на борбен авион и транспортно возило на Руската Федерација, од регионот Калининград. Ова е сурово кршење на меѓународното право и територијалниот мир на Литванија и ние мора да реагираме на ова“, изјави Гитанас Науседа, претседател на Литванија.

Иако официјална Москва ги негира обвинувањата, упади со дронови беа регистрирани изминатиот период во воздушниот простор на неколку НАТО земји, за што членките се согласија за изградба на воздушен ѕид.